Германија:Турција да продолжи по патот кон ЕУ

Германија повика денеска Турција да продолжи да работи за да ги исполни критериумите за членство во Европската Унија. Министерот за надворешни работи на Германија Гвидо Вестервеле, кој престојува во Истанбул, изјави дека членството во ЕУ е отворен процес, кој не е автоматски процес. Вчера пак британскиот премиер Дејвид Камерон кој исто така ја посети Турција, изјави дека е лут на некои земји членки на ЕУ кои го попречуваат членството на Турција во Унијата. Германија и Франција бараа Турција да склучи специјално партнерство со Европската унија, на тој предлог Анкара категорично го отфрла.