Кетрин Ештон планирала директна контрола врз Босна

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Катерин Ештон планира да ја преземе директната контрола врз Босна, со воведување нови овластувања насочени против „тврдокорните“ Срби, кои се противат на босанската држава и ги бликираат политичките реформи, пишува денеска „Дејли телеграф“.
Во текстот под наслов „Ештон направи таен план за управување со Босна“, весникот наведува дека во доверливиот документ, што го завршила неделава, Ештон предлага формирање нова функција на моќен пратеник на Европската унија, што ќе стапи на сцена по есенските избори во Босна.
Негова зздача ќе биде да ги истурка уставните реформи во земјата, односно да ги засили федералните институции.