Бугарин шверцувал 10 милиони филтри за цигари во Турција

Турските цариници на граничниот пункт Хамзабејли-Лесово открија шверцувана пратка од 10.850.000 филтри за цигари во обид да бидат внесени од Бугарија во Турција.
Пратката била пронајдена во шлепер со бугарска регистрација управуван од бугарски државјанин кој е приведен.
Минатата недела на тој граничен премин беше откриена пратка со 13 милиони филтри за цигари.