Авион со 152 луѓе се урна во близина на Исламабад

Патнички авион во кој, според извештаите, имало 152 патници и членови на екипажот се урнал во близина на главниот град на Пакистан, Исламабад. Агенциите јавуваат дека спасувачките екипи се обидуваат да стигнат до местото на несреќата. Засега нема детали за причините кои доведоа до оваа авионска несреќа.