Кој ќе биде крив ако се добие негативен извештај?

Власта и опзицијата во Парламентот денеска меѓусебно се обвинуваа за тоа кој ќе ја сноси одговорноста за евентуалниот негативен извештај од денешниот Сотанок за стабилизација и асоцијација на Мекедонија и ЕУ. Од СДСМ велат дека Вељаноски нема да најде оправдување за лошиот сигнал што е испратен со тоа што Деловникот е ставен на пленарна седница без консензус. Од власта пак велат дека опозицијата испратила негативен сигнал со тоа што не се појавила на седницата кога требаше да се гласа Деловникот. Претходно собранискиот спикер Вељаноски изјави дека одговорноста ако се добие негативен извештај треба да ја сносат сите и тој и власта и опозицијата.