Киргистан ќе добие меѓународна помош

Киргистанската влада соопшти дека меѓународните донатори се согласиле да и дадат 1, 2 милијарди долари помош во наредните две и пол години за да и помогнат на оваа Централно Азиска држава да се опорави од минатомесечните етнички насилства. Киргистан денеска побара една милијарда долари на меѓународната донаторска конференција која се одржува во Бишкек. Во минатомесечните етнички судири загинаа 316 луѓе а илјадници останаа без домови и беа принудени да ја напуштат земјата.