Преглед на плановите за повлекување од Ирак

Шефот на американскиот Генералштаб адмирал Мајк Мјулен денеска е во Ирак на, како што јавуваат агенциите, преглед на плановите за намалување на бројот на американските војници и на напорите за формирање нова коалициона влада во таа земја. Моментално во Ирак има над 77 илјади американски војници, но сите борбени сили треба да го напуштат до први септември годинава. Во Ирак би останале 50 илјади војници кои до декември 2011 година треба да ги тренираат ирачките војници. Мјулен претходно престојуваше во дводневна посета на Авганистан.