Британска поддршка за Турција во ЕУ

Британија и дава силна поддршка на Турција во нејзините амбиции за членство во Европската унија, e соопштено по вчерашната прва средба на британскиот премиер Дејвид Камерон со неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган во Анкара. Според најавите Камерон, во својот денешен говор во Анкара, ќе го изразел своето незадоволство што преговорите меѓу Турција и ЕУ се движат толку бавно и ќе ветел дека ќе се бори во Брисел за да може Турција да и се приклучи на Унијата и да стане голема европска сила. Преговорите за влез на Турција во ЕУ започнаа во 2005 година, но досега се отворени само 11 од вкупно 35 поглавја.