Српскиот парламент ја поддржа одлуката на Владата

Српскиот парламент ја поддржа одлуката на Владата да повика на разговори во Обединети Нации за статусот на Косово. По 12 часовна дебата во Собранието, пратениците ја изгласа подршката со 192 гласа „за “и 26 „против“.Вонредната седница се одржа по минатонеделната одлука на меѓународниот суд на правда со која се вели дека прогласувањето на независноста на Косово не ги прекршува меѓународните права.Србија вети дека ќе продолжи со својата борба на Генералното собрание во Обединетите Нации за да отвори разговори за статусот на Косово. До сега 69 земји го признаа Косово како независна држава.