Репортери без граници го осудија нападот на српскиот новинар Панчиќ

Од организацијата Репортери без граници денеска го осудија нападот на српскиот новинар Теофил Панчиќ и повикаа да се спроведе истрага и сторителите да се казнат. Од организацијата соопштуваат дека се шокирани од нападот на еден од најуголедните новинари во земјата. Претходно нападот го осудија и од преставништвото на ОБСЕ во Србија, како и од здруженија на новинари, партии, и организации за човекови права.