Укинат притворот за фармерите Илиевски

Надлежниот истражен судија во Битола, по барање на јавниот обвинител ја укинал мерката притвор за фармерите Илиевски, соопшти еден од нивните двајца адвокати. Процедурата за ослободување на Томе, Цане и Душко Илиевски е во тек, изјавил адвокатот. Фармерите беа притворени под сомнение дека произведувале марихуана. Целиот случај доби и политичка димензија, бидејќи Душко Илиевски зборуваше за правата на млекопроизведувачите на митингот на СДСМ. Случајот власта и опозицијата го искористија за дневно политички препукувања.