Авганистанските власти бараат истрага за смртта на цивилите

Портпаролот на авганистанскиот претседател Намид Карзаи денеска побара истрага за да се открие кој стои зад ракетниот напад при кој загинаа 45 цивили. Нападот се случил во петокот во областа Сангин во провинцијата Хелманд , кога ракета паднала врз една куќа во која имало оклу 45 луѓе. Портпаролот не коментирал што ако зад нападот стои НАТО, туку рекол дека прво ќе го почека извештајот на истрагата.