ЕУ ги одобри санкциите кон Иран

Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска формално ги одобрија новите санкции кон Иран поради неговата нуклеарна програма. Санкциите ќе се однесуваат на банките и на енергетскиот сектор. Санкциите на ЕУ се последниот чекор на меѓународната заедница кон Иран . Санкциите ќе стапат на сила откакао ќе бидат објавени во службен весник. Санкциите на ЕУ се слични на они кои ги објави администрацијата на Обама а според кои ќе се казнуваат поединци институции кои помагаат за развивање на нуклеарната програма на Иран. Во тек е четвртата рунда на санкци на ОН кон Техеран.