Средба Иванов-Лојтхард во Швајцарија

Односите меѓу Македонија и Швајцарија се многу добри и без отворени прашања, а особено во делот на економската соработка, каде постои можност за натамошно подобрување, оцениле на денешната средба претседателите на двете земји Ѓорге Иванов и Дорис Лојтхард Двајцата претседатели се договориле да соработуваат во делот на животната средина, водоснабдувањето и полицијата. Претседателката на Швајцарија изјавила дека е во нивен интерес да има мирен и стабилен Балкан и затоа тие ќе ја подржуваат Македонија на патот кон ЕУ