Во Индија годишно се убиваат по 200 „вештерки“

Секоја година во Индија се погубуваат околу 200 жени обвинети дека се вештерки, соопштила организацијата за права и спорови во таа земја. Ваквото насилство во земјата е забележано во селата на северот на Индија Според податоците на организацијата најчести жртви се млади жени и вдовици , кои имаат имот и пари, а тоа допринесува за завист кај населението и затоа ги прогласуваат за вештерки. Во некои индиски области има и закон против убиство на „вештерки“ но ретко кој го почитува.