Исланд започнува пристапни преговори со ЕУ

Европската Унија утре ќе започне преговори со Исланд за пристапување на земјата во Унијата и покрај бројните препреки меѓу кои и прашањето дали Исланд навистина ја сака таа интеграција. Одлуката за почеток на преговорите е донесена денеска на состанокот во Брисел на државните секретари задолжени за европски прашања. Исланд својата кандидатура ја поднесе на 16 јули 2009-та веднаш по финансиската криза, но оттогаш ентузијазамот на исланѓаните за влез во Унијата е значително опаднат.