Иран повикува да се надмине нуклеарното прашање

Иран соопшти денеска дека Европската Унија и Соеднинетите држави треба да го надминат спорот со Техеран преку исполнување на постигнатиот договор за нуклеарното горива наместо да наметнуваат нови санкции. Шефот на иранската агенција за атомска енергија Али Акбар Салехи изјави дека постигнатиот договор со посредство на Турција треба да се искористи за решавање на нуклеарното прашање. Изјавите на иранските преставници доаѓаат пред средбата на министрите за надворешни работи на ЕУ кои треба да ги одобрат санкциите кон Техеран. Белгискиот министер за надворешни работи Стивен Ваначкере изјави дека санкциите ќе бидат неопходни ако Иран и понатаму одбива дипломатски да се надмине спорот.