Тачи го повика Тадиќ на „меѓудржавни разговори“

Косовскиот премиер Хашим Тачи го повика српскиот претседател Борис Тадиќ на разговори за „меѓудржавна соработка“. Тачи во интервју за виенскиот весник „Пресе“ изрази надеж дека Европската Унија ќе реагира единствено и дека петте земји членки кои не го признале Косово, сега тоа ќе го направат.