Седница на кабинетот на Саркози поради убиениот французин од Ал Каеда

Францускиот Претседател Никола Саркози свика итна седница на владата по соопштението на Ал Каеда за земјите од Магреб дека е убиен францускиот заложник. 78 годишниот инжињер Мишел Жермено е убиен во знак на одмазда за загинувањето на 6 нејзини припадници во акцијата на војската на Мавританија изведена со подршка на француските сили.