Бомбаш самоубиец уби 4 лица пред ТВ Ал Арабија во Багдад

Бомбаш самоубиец со минибус се разнесол пред вратата на багдадската канцеларија на арапската сателтитска ТВ станица Ал Арабија. При тоа загинале и тројца чувари и една чистачка. Тој успеал да го мине првиот надворешен контролен пункт, изјави дописникот на оваа саудиска телевизија со главно седиште во Дубаи Маџид Хамид.