Избор на членови на Анкетната Комисија за инцидентот во Собранието

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска на седница треба да ја утврди Одлуката за избор на претседател и членови на Анкетната комисија за настаните од 1 јули во македонскиот Парламент.
За претседател на Комисијата е предложен Хајрула Мисини од ДУИ, а за членови Илија Димовски и Благородна Дулиќ од ВМРО-ДПМНЕ, како и Менде Динески од СДСМ и Соња Мираковска од НСДП.
Одлуката за формирање Анкетна комисија во петокот беше донесена на пленарна седница на Собранието на Република Македонија.
На дневен ред на денешната Комисија за прашања на изборите и именувањата се и два предлога за избор на членови на Советот за радиодифузија, како и барањата на тројца поранешни членови на Советот за радиодифузија за остварување право на плата по престанок на функцијата.