Иванов во Швајцарија

Претседателот Ѓорге Иванов кој престојува во дводневна официјална посета на Швајцарската конфедерација денеска ќе се сретне со неговата швајцарска колешка Дорис Лојтхард. Во рамките на посетата, вчера Иванов имаше средба со претставници на здруженијата на иселениците. Тие, како што е соопштено, притоа се интересирале за начинот на кој ќе се спроведува гласањето на дијаспората.