Седница на српскиот парламент

Парламентот на Србија на барање на Владата, денеска ќе одржи вонредна седница. На седницата ќе се расправа за владината предлог одлука за мислењето на Меѓународниот суд на правдата за легалноста на косовската независност и за продолжување на активностите на Србија во, како што се наведува, одбрана на нејзиниот суверенитет.