Итна седница на српскиот Парламент за Косово

Српската Влада упати барање до парламентот за закажување на итна седница во понеделник, на која ќе се разговара за мислењето на Меѓународниот суд за правда според кое, независноста на Косово не е во спротивност со меѓународното право. На седницата треба да
се дефинираат активностите на Србија за одбрана на територијалниот суверенитет и интегритет.