Хеликоптерска несреќа во Јапонија

Пет спасувачи загинале денеска во централна Јапонија, кога се урнал хеликоптерот со кој се превезувале, соопштува полицијата. Спасувачката екипа тргнала во потрага по повредениот алпинист кој се наоѓал на Саитам, 75 километри северозападно од Токио. Во хеликоптерот имало 7 членови, но двајца пред несреќата се спуштиле со падобрани по повредениот алпинист. Тие двајца спасувачи се добро, соопштиле од полицијата.