Во Пакистан убиени 5 бунтовници

Пет талибански бунтовници загинале при напад на еден исламистички камп за обука во северо-западен Пакистан, во областа Јужен Вазиристан .Американското беспилотно летало испукало 2 проектили врз кампот. Вчера две американски летала испукаа 4 проектили во истата област, при што загинаа 12 бунтовници. Јужен Вазиристан се смета за едно од главните упоришта на талибанските бунтовници .