Иран жестоко ќе одговори на нови санкции

Иранскиот претседател, Махмуд Ахмадинеџад ги предупредил државите-членки на Европската Унија да не воведуваат нови санкции против Иран. Ахмадинеџад изјавил дека Техеран жестоко ќе реагира на секоја непријателска акција. Тој изјавил дека сака пријателски односи и не сака ЕУ да воведе нови санкции надвор од они на ОН. Иранскиот претседател изјавил дека секоја земја што учествува во сценаријата на САД, ќе биде сметана за непријателска држава.