Бериша:Ставот на судот значаен за стабилноста во регионот

Албанскиот премиер Сали Бериша по средбата со косовскиот претседател Фатмир Сејдиу изјавил дека одлуката на Меѓународниот суд за правда е многу значајна за мирот и стабилноста на Косово и регионот. Сејдиу пак нагласил дека одлуката на Судот го отвора патот за интеграција на сите косовски државјани. Тој додал дека Косово посакува добри меѓусоседски односи со Србија, како две рамноправни држави.