Осуда до Кина поради затварањето на ујгурскиот новинар

Групите за човекови права денеска ја осудија Кина за затварањето на ујгурскиот новинар кој на странските новинари им зборувал за она што се случуваше минатата година за време на немирите во Ксинџијанг. Во соопштението на „Новинари без граници“ се вели дека се крајно зачудено што новинарот Гејрет Нијаз е осуден на 15 години затвор поради загрозување на државната безбедност. Новинарот бил осуден за само еден ден без да му се овозможи фер судење велат групите за човекови права.