Убиен кандидат за изборите во Авганистан

Еден од кандидатите на престојните парламентарни избори во Авганистан Маулви Сајдулах, починал како последица на повредите со кои се здобил при напад во џамија, соопштуваат локалните власти.Експлозијата се случила во селото Бахрамхаил во источната провинција Хост, додека Сајдулах им се обраќал на насобраните луѓе во џамијата. Во нападот се повредени 19 луѓе. Досега никој не презеде одговорноста за нападот. Кампањата за септемвриските парламентарни избори во Авганистан започна вчера.