Турција: апсење на стотина лица за заговор

Турскиот суд денеска нареди апсење на 102 лица, вклучувајќи и тројца пензионирани воени команданти под сомневање дека во 2003 година подготвувале соборување на происламската влада во земјата. Почетокот на судењето е закажан за 16 декември во градот Силиври, во близина на Истанбул.