Груевски: Владата не ја презадолжува државата

Премиерот Никола Груевски денеска ги отфрли обвинувањата на опозицијата дека Владата ја презадолжува државата. Според него, всушност имало драстично намалување на државниот и на јавниот долг. Од кој аспект и да се погледне оваа Влада, како што изјави, за скоро една третина го намали долгот на Македонија. Тој не очекува македонската економија повторно да влезе во рецесија.