Парламентот на Косово го поздрави мислењето на МСП

Косовскиот парламент денеска донесе декларација со која се поздравува мислењето на Меѓународниот суд на правдата во Хаг дека декларацијата за независноста на Косово во 2008 година не го прекршила меѓународното право. Во декларацијата се наведува дека „историското решение на МСП ќе придонесе за мирот и стабилноста не само во Република Косово, туку и во целиот регион“.