Експлозија во џамија во Авганистан

Во денешната експлозија на бомба во една џамија во источен Авганистан, сериозно биле повредени десетина луѓе меѓу нив, и еден кандидат на претстојните парламентарни избори. Експлозијата се случила во моментот кога кандидатот Малви Сејдула одржувал говор во џамијата. Изборите за долниот дом на Парламентот треба да се одржат во септември.