Заврши конференцијата на иселеничките организации

Со усвојување заклучоци, во Скопје заврши Првата годишна конференција на македонските иселеничките организации, што ја организираше Агенцијата за иселеништво. Повеќе од педесет претставници на над 40 иселенички организации од Австралија, Канада, САД и од 12 држави од Европа, на крајот од собирот заклучија дека треба да бидат преземени активности за поттикнување на изучување на македонскиот јазик и за скратување на постапката за добивање македонско државјанство за иселениците со потекло од земјава. Поздравено е и законското решение иселениците од Македонија да го остварат своето избирачко право.