Лелуш: Гледајте во иднината и решете го спорот со Грција

Обврска на денешните политичари е да се свртат кон иднината, рече францускиот министер за европски прашања Пјер Лелуш во обраќањето пред членовите на Националниот совет за евроинтеграции во Скопје.
Македонија, според францускиот министер, постигна огромен напредок и навистина е подготвена да почне преговори со ЕУ и НАТО, но треба да го реши спорот со името, за што е потребна политичка волја.
Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции Радмила Шекеринска упати апел до европските колеги за ова прашање да влијаат и врз Грција.
Министерот за европски прашања Лелуш од Македонија замина за Косово.