Додик: одлуката за Косово добар патоказ за РС

Премиерот на Република Српска Милорад Додик изјави дека мислењето на Меѓународниот суд на правдата за независноста на Косово може да послужи како добар патоказ за Република Српска за натамошна борба за нејзиниот статус. ,,Ние од поодамна не сме среќни што се наоѓаме во Босна и Херцеговина, но ќе продолжиме да се бориме за изворните Дејтонски решенија.,, изјави Додик кој оцени дека одлуката на судот ќе предизвика многу проблеми на Балканот.