Медведев потпиша закон за реформи на полицијата

Рускиот претседател Дмитриј Медведев денеска ја потпиша легислативата за реформи на полициските сили. Според новиот закон поранешни осуденици веќе не ќе можат да бидат полицајци. А полицаецот кој ќе му пркоси на наредбите на наредникот може да биде гонет . На крајот од минатата година Медведев потпиша декрет со кој требаше се подобри работата на полицијата во земјата. Тој нареди намалување на вработените во Министерството за внатрешни работи за 20 проценти. Новите измени ќе стапат на сила од наредната година