Груевски најави револуционерни судски реформи

Со крупни и револуционерни реформи значително ќе се зајакне независноста на судството, изјави премиерот Никола Груевски. Во Парламентот помина Законот за академија на судии и јавни обвинители, а во владина процедура е и законот за кривична постапка, со кој се дава посебна моќ на Обвинителството, изјави Груевски. Овој пакет закони, како што посочи, бил подготвен заеднички со експерти од САД, а потоа биле испратени на претставници од Европската унија. Во дел од законите учествувале и директно консултанти што ги предложила Унијата.