Разговорите за нови гранци опасни за Западен Балкан

Евентуалните разговори за нови граници на Западниот Балкан се опасни за регионот, изјави денеска во Виена шефот на австриската дипломатија Михаел Шпинделегер по средбата со неговиот чешки колега Карел Шварценберг. Шпинделегер изјави дека не гледа „никаква причина за дискусија за статусот“ на Косово, потсетувајќи дека 22 од вкупно 27-те земји-членки на ЕУ ја признаа косовската независност.
Двјцата министри одбија да се изјаснат во врска со денешното мислење на Меѓународнито суд на правдата околу легалноста на незавсиноста на Косово, додавајќи дека не сакаат да даваат изјави се додека на ја видат одлуката на Трибуналот. Меѓународниот суд на правдата попладнево во Хаг треба да даде советодавно мислење во врска со легалноста на незавосноста на Косово. Австрија и Чешка се меѓу членките на ЕУ што го признаа Косово како независна држава.