Директорите се откажуваат од советничките места

Пет директори на јавни институции во Прилеп, членови на ВМРО-ДПМНЕ денеска се откажаа од функциите советници во општинскиот совет. Партијата деновиве побара од вршителите на јавни функции кои се членови и на совети истовремено најдоцна до 31 август да се откажат од повеќето функции.