Познат советот кој ќе му суди на Харадинај

Претседателот на Хашкиот Трибунал Патрик Робинсон го именуваше советот кој ќе го води делумно повторениот процес против поранешниот косовски премиер и некогашен командант на ОВК Рамуш Харадинај. Тричлениот судски совет го сочинуваат Баконе Џастис Молото, Бартон Хол и Ги Делвоа. Откако е формиран советот треба да се закаже и главниот претрес, но според Статутот на Трибуналот не е даден рок во кој треба да се закаже повторното судење.