Уапсен братот на остранетиот Претседател Бакиев во Џалалабад

Киргистански власти соопштија дека помладиот брат на соборениот претседател Курманбек Бакиев, Ахмат Бакиев е уапсен во јужниот град Џалалабад и дека ја признал инволвираноста во немирите на југот на земјата, Заменик-министерот за внатрешни работи Мелис Турганбаев изјави дека Ахмат Бакиев бил уапсен од специјалните сили доцна синоќа.
Ахмат Бакиев, заедно со други членови на семејството, е обвинет за организирање масовни немири и поттикнување меѓуетнички тензии во јужен Киргистан откако неговиот брат. Курманбек Бакиев беше остранет од власта по народниот бунт во април по што побегна во Белорусија.