Суданскиот Претседател Башир нема да биде уапсен во Чад

Суданскиот претседател Омар ал-Башир отпатува за соседен Чад на регионална конференција во Нџамена, и покрај потерницата за апсење издадени од Меѓународниот кривичен суд по обвиненијата за геноцид и воени злосторства. Башир за прв пат патува во земја членка на МКС откако тој беше обвинет за насилствата во суданскиот регион Дарфур во 2009 година. Официјални преставници на Чад изјавија дека Башир нема да биде уапсен. Според Обединетите Нации, во конфликтот во Дарфур загинаа околу 300 илјади луѓе и раселените уште 2 милиона и 700 илјади