Критика од Хјуман Рајтс Воч за кинеските власти

Во својот најнов извештај Хјуман Рајтс Воч ги обвини кинеските власти дека го повредиле меѓународното право за време на немирите во Тибет пред две години. Оваа организација со седиште во Њујорк им забележува на кинеските власти дека употребиле прекумерна сила за време на протестите во Тибет во март 2008- та година, како и дека имало и случаи на тортура.