Муслимански свештеник на терористичка листа на ОН

Обединетите нации го додадоа муслиманскиот свшетеник Анвар ал Авлаки кој е роден во Соединетите држави, на официјалниот список на терористи. Со тоа земјите членки на Светската организација имаат обврска да го замрзнат неговиот имот и да му го забранат влезот. Во оваа листа има над 250 луѓе поради нивните врски со Ал Каеда и со талибанците. 39 годишниот Авлаки е осомничен дека директно помогнал во неуспешниот обид за напад со автомобил бомба во Њујорк за време на минатогодишнте Божиќни празници. Се верува дека во моментов тој оперира во Јемен.