Чаушеску и неговата сопруга ексхумирани

Во Романија денеска биле ексхумирани остатоците на поранешниот романски диктатор Николае Чаушеску и на неговата сопруга Елена со цел да биде потврден нивниот идентитет. До ова доаѓа по жалбата на членови на нивното семејство кои се сомневаат дека тие навистина биле погребани на гробиштата Генчеа во Букурешт. Николае Чаушеску владееше во Романија од 1965 до 1989 кога беше соборен во антикомунистичкиот револт по што беше егзекутиран заедно со сопругата .