Јавна расправа во Врховниот суд на Македонија

Во Врховниот суд на Македонија денеска ќе се одржи јавна расправа за измените на законската рамка во делот на правосудството. Притоа ќе стане збор за предлог законите за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет, на Законот за судовите, на Законот за судска служба, на Законот за судски буџет, како и на Законот за управни спорови. Овие предлози биле изготвени од Министерството за правда.