Во Русија, напад врз хидроцентрала

Руската полиција соопшти дека две лица биле убиени во вооружен напад врз една хидроцентрала во регионот Кабардино Балкарија во Северен Кавказ. Според полицијата, вооружените напаѓачи пристигнале со две возила при што убиле двајца стражари и раниле тројца работници по што поставиле експлозивни направи на неколку места во хидоцентралата кои потоа ги детонирале и избегале. Кабардино Балкарија е дел од Северен Кавказ, каде што руските власти се борат со муслиманските бунтовници.