Серија земјотреси во јужен Иран

Јужниот дел на Иран бил погоден со серија земјотреси. Најитензивниот бил со сила од 5,8 степени според Рихтеровата скала. Иранските државни медиуми јавуваат дека притоа загинале десетина луѓе, а имало и поголема материјална штета.